57-годишната Соња и 69-годишниот Марко Миротиќ очекуваат нов член на семејството во април

t

Педесет и седумгодишната Соња и шеесет и деветгодишниот Марко Миротиќ од Грбавац, кај Подгорица очекуваат нов член на семејството во април, кога Соња треба да се породи. Таа ќе стане за првпат мајка на 57 години по долгата борба да има деца пренесува порталот „Мајка и дете“.

Тие раскажале како ги урнале сите бариери, предрасудите на околината и ги поместиле границите. За овој брачен пар откажувањето не е опција, па се надеваат дека, ако им дозволи здравјето, ќе продолжат и понатаму.

„На сите парови кои минуваат низ она што ние го поминавме им порачувам да веруваат. Прво, тие треба да веруваат во себе и во својот партнер и да имаат огромна желба за тоа. Можеби мислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психолошка работа, тоа е и удар по нивниот џеб, но само бидете упорни и веројатно ќе се оствари. Оној кој верува во чуда создава чуда. Нека не се откажуваат“, вели Соња Миротиќ во емисија за порталот Dan.

Соња и Марко се во брак 23 години. Во текот на својата долгогодишна борба за потомство тие побарале стручни совети од лекари во многу земји, но било неуспешно, се досега. Ја споделуваат нивната приказна со желба да им дадат надеж на другите парови кои се соочени со истите предизвици.

„Во еден миг и целосно се откажавме. Меѓутоа, нашата блиска пријателка повторно нè охрабри. Беше упорна и сосема случајно дознавме за докторката Ана Јеремиќ. Додека бевме кај неа, нејзините колеги се јавија во неколку клиники, но сите им кажаа дека има лимит за жени, дека интервенцијата за асистирано оплодување ја прават на жени до 54-годишна возраст. А, јас само што наполнив 56“, раскажува таа.

Потоа докторката ги информирала за клиниката во Скопје кадешто нема ограничување поради возраста, па отишле на прегледи. Трансферот бил извршен на 26 јули, додека терминот за породувањето е 19 април.

Инаку, и Соња и Марко слават роденден на 20 март, па посакале на тој ден да се роди и бебето.

„Сакав тогаш да се направи царски рез, но тоа не е можно. Тоа би бил нашиот роденденски подарок. Со нетрпение чекаме да имаме дете и кога и да дојде на свет, тоа ќе ни биде најубавиот подарок“, вели идната мајка.

Бременоста на Соња ја следи гинеколог од Црна Гора – Вања Милошевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…