60 лица уапсени за подметнување пожари во Македонија
Од 01 април до 29 септември регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60 лица, а по преземени мерки поднесени се 36 кривични пријави, информира Министерството за внатрешни работи.
Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.
Исто така, од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 29.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.
Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
„Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60 лица уапсени за подметнување пожари во…
Од 01 април до 29 септември регистрирани…
ЕУ повторно ги врати санкциите кон Иран…
Советот на ЕУ денеска донесе одлука одново…
Приведени двајца битолчани – ловеле срни иако…
Лишени од слобода двајца битолчани за „незаконит…
СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот…
Состојбата во македонското здравство е катастрофална. Неспопсбноста…
Данските власти поставија воен радар на аеродромот…
Откако неидентификувани дронови беа забележани над данските…