600 евра минималец ни во сон, 1600 денари покачување на минималната плата

t

Денеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Според него, жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми. Тредафилов вели дека борбата не застанува тука но дека продолжува повторно на улуца на средина на март.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски ги избегна новинарите за изјава.

Претседателката на Организација на работодавачи, Владанка Трајкоска, пред почетокот на седницата на ЕСС, изрази незадоволство поради тоа што навремено не ги добиле материјалите за седницата.

Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески вели дека остануваат на ставот за раст на платите.

Премиерот, Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјален совет, рече дека минималната плата ќе се зголеми и дека повисоките примања ќе започнат да се исплаќаат од април, за месец март посочувајќи дека досега регулирала околу 95 проценти од односите со синдикатите преку колективни договори.

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

600 евра минималец ни во сон, 1600…

Денеска, на мала врата пробаа да утврдат…

Трамп: Не исклучувам испраќање на американска копнена…

Претседателот Трамп во понеделник за „Пост“ изјави…

Дурмиши: Владината просечна потрошувачка кошничка со 101…

Министерството за економија и труд денеска на…

Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за…

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност…

Трагедија на ГАК: Родилка почина неколку часа…

34-годишна родилка почина викендов на Универзитетската клиника…