63 смртни случаи, можеби како последица на Ковид-19 вакцините, регистрирани во Грција
Од спроведени над 4,4 милиони вакцинации против Ковид-19 во Грција во 2022 година, регистрирани се 1.633 сомнителни несакани дејства и 63 смртни случаи кои можеби се поврзани со вакцината, според официјалните податоци од грчката Национална организација за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 63-те пријави за смртни случаи како можна последица од вакцините, 49 биле вакцинирани со Фајзер, шест со Модерна, пет со Џонсон и Џонсон и три со АстраЗенека, меѓутоа, само два случаи биле оценети дека имаат можна поврзаност со вакцинацијата.
За 35 од случаите сѐ уште се чекаат дополнителни податоци за да се донесе заклучок, за 14 случаи имало недоволни податоци, а 12 пријавени смртни случаи биле оценети дека можно е да не се поврзани со вакцинацијата.
Од пријавените 1.633 сомнителни несакани дејства, 1.344 биле оценети како сериозни, а шест од десет биле кај жени.
Националната организација за лекови на Грција во годишниот извештај пишува дека објавените податоци за наводите за сомнителни (наводни) несакани дејства се медицински случаи кои спонтано биле пријавени или од граѓанин или од здравствен работник по примената на вакцината и не се нужно поврзани со вакцината или предизвикани од вакцината.
Во 2022 година во Грција биле аплицирани вкупно 4.456.117 дози од вакцините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Трагедија во Грција: Србинка се удави во…
Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…
Грција најавува повисоки казни за возење пијани…
Грција наскоро ќе воведе построг закон за…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…