65-годишен маж загина во сообраќајка на патот Кочани-Виница

t

На 16.03.2026 околу 13:40 часот во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.

Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

65-годишен маж загина во сообраќајка на патот…

На 16.03.2026 околу 13:40 часот во ОВР…

Мотоциклист загина во Чаир

Мотоциклист го загуби животот вечерва во тешка…

19 годишен скопјанец со мопедот удри во…

МВР информира дека синоќа околу 18:40 часот…

Возел со 2,35 промили алкохол во крвта…

На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица,…