65-годишник измамен за 22.000 денари преку социјална мрежа

t

На 20.02.2026 во 13:30 часот во ОВР Гостивар, 65-годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен на социјална мрежа од едно лице за сума од 22.000 денари.

Според пријавеното, тој се договорил за тргување со криптовалути на социјална мрежа со профил Е.К., а притоа во банка уплатил околу 12.000 денари на име М.К..

Како што е пријавено, тој бил известен дека заработиле поголема сума на пари и за да може да ја подигне треба да уплати уште 10.000 денари кои ги уплатил.

Исто така, според пријавеното, откако повторно му биле праќани пораки за да уплати уште пари се посомневал дека е измамен и пријавил.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен инспектор измамил старица за над 124.000…

На 25.01.2026 година, СВР Битола, во координација…

Тетовчанка платила 14.000 евра за стан во…

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…