7 македонски камионџии со црн печат во пасошите
Дваесет македонски возачи настрадале во последниве месеци од новите правила за влез и излез од земјите од Шенген зоната, со кои не смеат да надминат ниту еден ден од дозволените 90 во рок од шест месеци. Тринаесет биле депортирани и поминале полесно – со парични казни, а седум заработиле забрана, „црн печат“ во пасошот. Ова во емисијата Бизнис 21 го кажа Билјана Муратовска од асоцијацијата Макам-транс.
„Имаме 20 возачи за последниве пет-шест месеци што беше пред блокадите од кои што 13 имаат добиено забрани и се депортирани“, вели Билјана Муратовска.
Тоа што конкретно значи?
„Со помала, со плаќање само на казна , значи нема ставање на збрана за работа. Меѓутоа имаме седум возачи буквално имаат добиено забрани и тоа на шест месеци, на година дена“.
Муратовска вели четиридневните протести на транспортерите од Западен Балкан со кои се блокираа границите за влез и излез на стока, го вклучиле алармот во Брисел, но проблеми се уште има. По состанокот на министрите од Западен Балкан со претставници на Европската комисија, се чека неделава Комисијата да презентира преодно решение, додека не се подготви трајно. Доколку нема брз одговор, не се исклучени повторно протести и блокади на границите
„Според изјавите на босанските и српските превозници, они се така поголеми,опфаќаат поголема територија, изјавуваат дека одново би се направиле овие блокади, меѓутоа јас сум вечити оптимист…“, вели Билјана Муратовска.
Очекувате брзо решение?
„Очекувам за 2 до 4 месеца да се надмине проблемот, а сега ќе видиме нареднава недела дали ќе ни се даде некој инструмент, со кој што во преодниот период нема да имаме проблеми“.
Како привремено решение Муратовска предлага на возачите да не им се бројат печатите во пасошите. Тоа, според неа, Европската комисија може да го направи брзо, со донесување на одлука повикувајќи се на новата визна стратегија со која камионџиите за првпат се признаваат како професионалци. Најдобро трајно решение според неа е камионџиите да добијат третман како пилотите и машиновозачите, кои се изземени од новиот електронски систем за влез и излез.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
7 македонски камионџии со црн печат во…
Дваесет македонски возачи настрадале во последниве месеци…
Пријателска земја крена раце од Русија
Индија значително го намали увозот на руска…
За пет дена одземени 21 автомобил низ…
Во периодот од 1 до 5 февруари…
Браќа од Македонија прават „парче“ со македонски…
На „Гуд Фуд Австралија“ беше објавено дека…
Клинтонови бараат јавно сведочење за Епстин
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата…