7 од 16 тима го потврдија местото: Вардар по десетти пат во низа ќе игра во Лигата на шампиони!
Полека завршуваа ракометната сезона ширум Европа. Имињата на дел од тимовите кои ќе го гледаме следната сезона во Лигата на шампиони. Седум од вкупно 16 екипи го заверија своето место, меѓу нив е актуелниот македонски првак, Вардар 1961. Двократниот освојувач на европската круна го обезбеди своето десетто учество во најсилното европско клупско натпреварување, откако ја освои 15. титулата во домашниот шампионат.
Во Лигата на шампиони ќе го гледаме и Никола Митревски, со неговиот Порто вчера ја освоија титулата. Тука се уште Магдебург, Барселона, ПСЖ, Кјелце и Динамо Букурешт. Шанса да се најде во ЛШ, има и Нант за кого настапува Кирил Лазаров, Франција ќе биде една од оние земји кои треба да добие вајлд-карта.
По двајца преставници следната сезона ќе имаат Франција, Унгарија и Германија.
Од Бундес-лигата се чека името на вториот тим кој ќе добие директно место, истото важи за Унгарија, таму битката се води меѓу Веспрем и Пик Сегед, засега празно место стои и кај претставникот од Данска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Комити повторно го поздравија Миленко: „Пу*и…
Навивачката група „Комити“ и на денешниот натпревар…
Графит на Комити: Во Вардар нема место…
*Објава на навивачката група Комити на Фејсбук:…
Комити до Миленко: „Кога еден ден ќе…
„Кога еден ден ќе останеш сам, џабе…
(Видео) „И зошто ми иде да плачам…
Фудбалскиот клуб Вардар во соработка со Црвена Звезда организира хуманитарен натпревар…
Предложен притвор за шестмина осомничени во акцијата…
Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција…