7 симптоми кои укажуваат на недостаток на железо: Обрнете внимание, не чекајте дијагноза

t

Повеќе од третина од жените помлади од 50 години имаат недостаток на железо, објави „Њујорк Тајмс“.

Менструацијата и бременоста се две главни причини, а недостатокот на железо може да има сериозни последици, вклучувајќи и послаб имунитет.

Железото е есенцијален нутриент којшто телото го користи за создавање на црвени крвни зрнца, кои пренесуваат кислород од белите дробови до останатиот дел од телото. Меѓутоа неговиот недостаток често останува недијагностициран.

Ова се некои од тивките знаци кои можат да ви укажат на недостаток на железо:

Краток здив
„Симптомите на недостаток на железо често се неспецифични и магливи“, пишува „Тајмс“. Еден од нив вклучува краток здив.

Мозочна магла
Поради тоа што железото е потребно за пренесување на кислородот до мозокот, неговиот недостаток може да предизвика магла во мозокот.

Умор
Уморот и слабоста исто така можат да бидат последици на недостаток на железо, велат од Кливлендската клиника.

Вртоглавица и мачнини
Познато е дека вртоглавицата е најчест симптом на ниското ниво на железо, пишува „Интерна медицина“. Откако вртоглавицата ќе исчезне, може да се јави силна главоболка.

Причината зошто се случува тоа е тоа што нема доволно крв која патува до вашиот мозок, што доведува до отекување на крвните садови. Значи, доколку почувствувате дека главата ви пулсира и дека не може да се фокусирате, веројатно вашите крвни садови чекаат кислород.

Зголемена чувствителност на ладно
Кога ви недостасува железо, може да станете анемични, состојба во која телото произведува помалку црвени крвни зрнца. Луѓето со анемија немаат доволно црвени крвни зрнца кои пренесуваат кислород по цело тело. Без адекватен кислород, вашите клетки можеби потешко ќе можат да го поднесат ладното.

Бледа кожа
Бледилото може да биде знак на ниска количина железо, велат експертите. Ова е предизвикано од намалениот проток на крв во кожата.

Нарушување на работата на срцето
Чукањето на срцето може да биде вознемирувачко искуство и тоа е знак дека вашето срце работи потешко поради намаленото ниво на кислород во крвта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Егоров немаше сили за изненадување, запиша убедлив…

Уште еден македонски претставник не успеа да…

Отец Герасим му порача на Новак: Парите…

Отец Герасим, монах на Српската православна црква…

Лишен од слобода маж од велешко поради…

На 07.08.2024 во 12 часот во Велес,…

(Видео) Предупредување за цунами! Земјотрес од 7.1…

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според…

Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни…

Собранието за понеделник ја закажа седницата на…