Moрнарицата на САД: Кина има 200 пати поголем потенцијал за градење бродови од САД
Во протечениот извештај од американското морнаричко разузнавање се вели дека американската морнарица е длабоко загрижена за капацитетот на кинеските бродоградилишта кои се со капацитет поголем од Американските за скоро 200 пати.
Кинезите ја гледаат оваа декада како стратешка можност, пишува за извештајот кој протече, Брент Садлер, новинар истражувач за морнаричко војување и применети напредни технологии за националан одбрана од фондацијата Херитиџ. Не гледам краткорочни решенија за овој проблем каде разликата помеѓу можностите на Кина и САД рапидно расте, додаде тој за телевизијата Фокс Њуз.
Коментарите од Седлер доаѓаат по протекувањето на слики и извештаи од морнаричкото разузнавање, кои се вртат деновиве на интернет. Слајдот кој се појави и беше објавен од сајтот „War Zone Report“, ја покажува огромната разлика на капацитетите за изградба на бродови помеѓу Кина и Америка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток…
САД го зголемија своето воздушно присуство во…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…