73 годишен охриѓанец вперил пиштол кон скопјанец, се скарале за паркинг место

t

Седумдесет и тригодишен жител на Охрид е приведен откако, според пријавата, вперил пиштол кон 51-годишен скопјанец по расправија околу паркирано возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 1 август, околу 13:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Р. (73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава.

Според информациите, инцидентот се случил околу 12:00 часот во ходник на станбена зграда во Охрид, каде по недоразбирање околу паркирање, осомничениот наводно вперил пиштол кон Г.К. (51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда.

По приведувањето, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на осомничениот. При претресот биле пронајдени и одземени дозвола за оружје, пиштол „Застава“, пушка „Застава“, муниција и резервни делови.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

73 годишен охриѓанец вперил пиштол кон скопјанец,…

Седумдесет и тригодишен жител на Охрид е…

Охриѓанец ја натепал сопругата среде продажен објект…

Охриѓанец (48) е приведен откако физички ја…

Енергетски аларм во Србија: хидроелектраните „Ѓердап 1“…

Министерката за рударство и енергетика на Србија,…

Дилерите во Белгија со нова тактика: Дрогата…

Белгиската полиција соопшти дека ова е шема…

Малолетник со мопед удри 84-годишен пешак во…

Осумдесет и четиригодишен пешак се здобил со…