76 годишна битолчанка измамена за 7.000 евра од лажен лекар
Во Битолската полиција 76 годишна жена пријавила дека била измамена за 7.000 евра, од лажен лекар.
„76-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари, за да и го спаси животот“ информираше Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека жената заедно со сопругот однеле 7.000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот, ги чекало кај Саат-кулата во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
76 годишна битолчанка измамена за 7.000 евра…
Во Битолската полиција 76 годишна жена пријавила…
Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над…
Судири во Солун избувнаа ноќта кон 7…
МВР: Во тек е опсежна акција, запленети…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
Седум возачи возеле без возачка дозвола –…
На 07.02.2026 во 02:10 часот на бул.…
Албанскиот Уставен суд го отфли барањето на…
Уставниот суд го отфрли барањето на премиерот…