80-годишен дедо во Сплит фатен со 11 пакетчиња кокаин
80-годишен човек од хрватскиот град Сплит минатата недела бил фатен со 11 пакетчиња кокаин. Тој е осомничен и за продажба на пакетче дрога од половина грам, пренесува „Далматински портал“.
Осомничениот тврдел дека дрогата, која полицајците му ја нашле дома, е за негова лична употреба и дека ја користел „за здравје“, како и дека откако почнал да шмрка – „се преродил“.
Тој добил куќен притвор под контрола на уред за мониторинг поставен на ногата. Поради тоа што живее сам, неговиот сосед ќе му носи храна и други потребни работи, велат од Судот додавајќи дека во куќен притвор осомничениот е испратен поради тоа што имало можност да го повтори делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
80-годишен дедо во Сплит фатен со 11…
80-годишен човек од хрватскиот град Сплит минатата…
Окриени десет килограми кокаин во автомобил
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство…
Сплитскиот суд евакуиран поради закана со бомба
Утрово во Сплитскиот окружен суд беше примена…
Морничави неонацистички пораки против Србите од протестот…
Во Сплит се одржа протест од страна…
Најголемиот воен брод во светот пристигна во…
Најголемиот воен брод во светот, американскиот носач…