81 година од депортацијата на македонските Евреи
Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.
Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.
Бројни делегации потоа ќе оддадат почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.
Претседателот Пендаровски ќе се обрати и на комеморативната вечер, која во спомен на депортираните македонски Евреи ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Најавени се обраќања и на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин.
Годинава комеморативната програма почна од 9 март 2024 година и опфати повеќе активности во Битола и Штип. Во Битола комеморативните активности почнаа на 9 март со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Битола. Вчера беше оддадена почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара, потоа имаше „Поворка на живите“ од Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Во Штип комеморативните активности почнаа вчера со комеморативна програма во Советот на градот Штип, каде се обрати градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Се одржа „Поворка на живите“ од општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, каде се положи цвеќе. Театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ беше изведена во Народен театар Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…