81 година од првиот наставен час на современ македонски јазик одржан во Битола

t

На 6 февруари 1945 година во битолската Гимназија, денес средно општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, првпат во средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик.

На првиот наставнички Совет со кој претседавал директорот Орде Печијаре, биле донесени шест одлуки, меѓу кои и одлуката, гимназијата свечено да биде отворена на 5 февруари, а на 6 февруари да се одржи првиот наставен час.

– Скромно украсената сала на гимназијата беше шумна. Се дигна завесата и молк. На бината се појави првиот директор на Гимназијата, Орде Печијаре. Тој објави дека Гимназијата започнува со редовна настава на македонски јазик. Одекна силен аплауз. Потоа претставниците на народната власт ги поздравија присутните и зборуваа за значењето,задачите и улогата на Гимназијата во ослободената татковина. Членовите на штотуку формираниот градски театар заедно со културно уметничка група при гарнизонот изведоа пригодна програма. Тогаш за прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“ и други, како и стиховите на Кочо Рацин и убавиот мелос на македонските народни песни, ги растреперија срцата на присутните“, е запишано во јубилејна монографија на Гимназијата.

Во првата учебна година, редовната настава ја следеле 572 ученици во 13 мешани паралелки. Битолската Гимназија „Јосип Броз-Тито“, како тогаш, така и денес е во објект со голема историска и архитектонска вредност, заштитен споменик на културата. Во холот на гимназијата на мермерна плоча изложени се ликовите на пет народни херои Стеван Наумов-Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди кои учеле во гимназијата.

Битолската гимназија ги менувала имињата, па така во периодот од 1945 до 1952 година го носела името на Гоце Делчев, во периодот на Нижата гимназија која работела само една учебна година 1951-1952 и се викала Никола Карев, а од 1952 година и денес го носи името на Јосип Броз-Тито. Меѓу битолчани, без разлика на врменскиот период, оваа гимназија е најпозната по името Горната Гимназија.

Учениците и наставниот кадар од секоја генерација со задоволство истакнуваат дека во гимназијата учеле и академиците Петре М. Андреевски, Томе Бошевски, Кирил Миљовски, Фанула Папазоглу, Коле Чашуле, Владо Камбовски, Љубен Лапе, Ѓорги Филиповски, Анте Поповски, Ѓорѓи Чупона, Михаил Петрушевски, Петар Серафимов,

Ристо Лозановски, Живко Попов, Димче Коцо, Александар Христов, Георги Константиновски и писателот Владимир Костов, почесен член на МАНУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

81 година од првиот наставен час на…

На 6 февруари 1945 година во битолската…

Чулакоски: „Ќенеф“ од 125.000 евра – развојна…

Во развојната програма на Општин Битола, се…

Ромите со тапани ја блокираа Битола

Групата граѓани од Ромска националност кои вчера…

Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна…

На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска"…

Тешко повредени двајца пешаци во Куманово и…

Повредени се двајца пешаци, во Куманово и…