85-годишен маж измамен за сума од 5.000 евра: измамниците се претставиле дека работат во Кувајт

t

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од две лица за сума на пари од 5.000 евра.

Според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат.

Како што е пријавено, тој ги зел парите од неговиот дом и им ги дал, а двете лица како гаранција му оставиле три алки наводно дијамантски да им ги чува, додека не му ги вратат парите.

Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

85-годишен маж измамен за сума од 5.000…

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје,…

Пензионер 11 години по грешка добивал повисока…

Британскиот пензионер Дерек Ричи (63) треба да…

Тетовчанка платила 14.000 евра за стан во…

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР…

Австриски државјанин прегазил пензионер во Битола

71-годишен жител на Битола е тешко повреден…