86-годишен татко и неговиот 60-годишен син се обиделе да силуваат млада жена во гостиварско
Двајца мажи од Гостивар, 86-годишен татко и неговиот 60-годишен син, се лишени од слобода по пријава за физички напад и обид за сексуален напад врз 33-годишна жена од Тетово.
Според пријавеното во МВР, инцидентот се случил во угостителски објект во село Леуново, гостиварско, каде што жената пријавила дека сопственикот на објектот и неговиот татко физички ја нападнале и се обиделе да извршат обљуба врз неа.
Полицијата ги привела двајцата вчера околу 13:30 часот и ги задржала во полициска станица.
По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
86-годишен татко и неговиот 60-годишен син се…
Двајца мажи од Гостивар, 86-годишен татко и…
„Пулс“ бил нелегално пренаменет во дискотека: Детали…
Според урбанистичко планската документација на Град Кочани…
Претседателката Сиљановска-Давкова помилува 25 осудени лица по…
По повод 2 Август – Илинден, претседателката…
„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното…
Европската Унија подготвува измени во правилата за…
Почина еден од пациентите со западнонилска треска:…
Осумдесет и тригодишен пациент со повеќе хронични…