90% од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозициската партија

t

„Пуштањето во употреба на железничката пруга Куманово-Бељаковце источниот дел од Коридорот 8, е уште еден значаен стратешки инфраструктурен проект кој е потврда за правилните политики на СДСМ. 90% од изградбата на пругата Куманово-Бељаковце е завршена во периодот на Владата на СДСМ и горди сме што денеска се пушта во употреба, реагираат денеска од опозициската СДСМ.

Од партијата велат „Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце е уште едно признание за се она што СДСМ го направи во изминатите години. Мицкоски се кити со туѓи перја но сепак добро е што проектот е завршен, тоа е во интерес на граѓаните“.

„Пругата наречена надеж“ 28 години тапкаше во место и немаше никакво поместување во делот на изградбата. Благодарение на посветеноста на Владата на СДСМ изградбата започна во октомври 2022 година и сега се завршува. СДСМ докажа дека кога се има желба, кога се работи посветено и со правилно менаџирање на буџетските финансии и ресурси, секоја цел е остварлива. Овој значаен инфраструктурен проект отвора нови европски рути за железнички превоз, го подобрува регионално поврзување на Македонија со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија, што е од исклучителна важност за македонската економија, е партискиот став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…

РЕК Битола веќе неколку дена е во…

СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот…

Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот…

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници…

Како што брифираат од партијата, со одлука…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…