98-годишник обвинет за убиствa во нацистички концентрационен логор
Речиси 100-годишен маж е обвинет во Германија за соучесништво во убиствa додека бил чувар во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен од 1943 до 1945 година, за време на Втората светска војна, објавија денеска обвинителите.
Обвинението е поднесено до судот во Ханау, кој ќе одлучи дали ќе го испрати на судење, но доколку е така, ќе му се суди според законот за малолетници, земајќи ја предвид неговата возраст во времето на наводните злосторства. Сега 98-годишниот германски државјанин, чие име не е објавено, живее во областа Мајн-Кинциг во близина на Франкфурт.
Тој е обвинет по повеќе од 3.300 точки од обвинението за соучесништво во убиствa извршени меѓу јули 1943 и февруари 1945 година со „поддршка на сурово и злонамерно убиство на илјадници затвореници како припадник на СС единицата“, се вели во соопштението на обвинителството во Гисен.
Обвинителите соопштија дека психијатрискиот експерт минатиот октомври утврдил дека тој е способен да му се суди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…