Лyдница: Турканици пред приватните лаборатории за тестирање, нема термини на државно

t

Термин за тестирање на државно нема ни за лек во главниот град, а пациентите што сакаат да се тестираат во јавното здравство, матичните лекари ги препраќаат во околните градови.

Со оглед дека и ова претставува дополнителен финансиски трошок за нив, граѓаните најчесто се одлучуваат тестовите да ги плаќаат од свој џеб во приватните лаборатории.

-Во моментот термини за тестирање, значи брз антигенски и пцр во Скопје нема. Немаше ни пред празниците, нема ни денеска.. проверувавме сабајлево немаше. Меѓутоа се наоѓаат термини во други градови во Македонија и сега изборот останува на пациентот дали ќе прифати да се тестира во друг град или пак ќе се одлучи да се тестира во приватните лаборатории, Мери Атанасова матичен лекар.

Во текот на вчерашниот ден беа направени рекордни 11,479 теста што е најмногу од почетокот на пандемијата, од кои 5.845 се брзи тестови, а само 863 ПЦР тестови биле направени на државна сметка. Во приватните лаборатории пак, направени се 4.771 ПЦР тест, а доколку се стави во просек дека еден тест чини 30 евра, може да се забележи дека граѓаните само за еден ден платиле над 143 илјади евра за ПЦР тест.

На првиот работен ден по Божиќните празници, граѓаните ги преплавија пунктовите за тестирање на ковид- 19 во државните поликлиники. Голем дел од нив се пожалија дека за тестирање чекале и по половина час.

Со појавата на сојот омикрон во Македонија кој е многу поинфективен од претходните соеви и кој според здравствените експерти веќе е или се очекува да биде доминантен, неколкукратно се зголеми побарувачката за ковид тестови но и поради големиот број заболени двојно се зголемија и решенијата за изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…