Најголемиот извозник од Македонија може да стави клуч на врата: Протести и припреми за штрајк во Џонсон Мети

t

Вработените во компанијата Џонсон Мети со отворено писмо се обратија до редакцијата на Инфомакс.

Нивното писмо ви го пренесуваме во целост:

По промената на позицијата директор од странец во Македонец компанијата Џонсон Мети е доведена до потенцијален распад.

Новиот директор Боријан Борозанов кој на оваа позиција е дојден само поради фактот дека лично се познава со Виктор Мизо прави хаос и разор помеѓу вработените.

После божиќните празници беше донесена одлука дека вработените ќе престанат да ги имаат следните бенефиции:

– Скратена 13та плата, не се дозволува да имаат повеќе од 151 работен час

– Компензација на екстра одработени денови со “банка на денови” која лично Боријан Борозанов одлучи да се води во Excel кое што е надвор од сите закони

– Користење на екстра изработени денови со слободни денови само кога компанијата ќе го дозволи тоа

– Денот Недела нема да биде платен како што е според новиот закон

Овие нови мерки допринесоа операторите да имаат 4 -5 илјади денари пониска плата.

Откако мерките стапија на сила вработените револтирани почнаа со стопирање на производниот процес со цел да се чуе нивниот глас.

На 15ти Јануари се случи првиот протест кога во прва смена одлучија да го стопираат производството бидејќи им се скратени сите права и бенефиции.

Протестот траеше до 15 до 17 Јануари каде што вработените не се откажуваа од своите барања.

Наместо поддршка генералниот директор им пристапи со навреди, повишување на глас, деградирање, дискриминирање и навестување дека доколку не продолжат со работа ќе добијат откази и ќе бидат заменети со луѓе кои што ќе работат и за 12000 денари кои тој лично ќе ги донесе.

Ова предизвика уште побурни реакции и подолготрајни застои со што подоцна на 17ти Јануари Боријан излезе со соопштение дека му треба време за да ги смени одлуките и дека возможно е се што е донесено како одлука да се поништи.

Сите застои креирани поради протестите се заведени на начин да не се види застојот во Англија каде што е главното седиште на компанијата.

После протестите неколку вработени од повисокиот менаџмент им дадоа поддршка на вработените со што завршија надвор од фабриката исфрлени како партал со доделени отказни решенија директно од господинот Боријан Борозанов.

Најголемиот извозник во Македонија има голем ризик од затворање на бизнисот, а тоа во превод значи милиони помалку во буџетот на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…