Се стега обрачот околу Украина: Русија распореди оружје во Белорусија
Русија го започна трансферот на своите системи за противвоздушна одбрана С-400 Триумф, дизајнирани да соборуваат непријателски воени авиони, во соседна Белорусија за да учествува во воени вежби, потврди руското Министерство за одбрана.
Во соопштението, официјалните лица напишаа, „две дивизии на ракетниот систем земја-воздух С-400 „Триумф“… го завршија својот марш до станицата за товарење во Хабаровскиот крај“, на Далечниот Исток на Русија. Ракетите сега ќе се транспортираат со железница во Белорусија.
Според извештајот, откако проектилите ќе пристигнат на местото на воените вежби, руските сили ќе ја зајакнат својата позиција како дел од одбранбената обука.
Се разбира, сето ова се случува во време на голема тензија околу Украина, а некои тврдат дека Русија, доколку навистина планира инвазија, тогаш таа би можела делумно да биде лансирана од правец на Белорусија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…
„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…
Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…
„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…
Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…