Бајден пак ги шокираше Украинците: Нема намера, нема интерес, нема желба на претседателот да испрати војници во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина.
На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговорил потврдно, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека нема намера еднострано да испраќа американски војници во Украина, соопшти Белата куќа откако Вашингтон стави во состојба на готовност околу 8.500 војници поради трупање на руски војници на границата со Украина.
„Само да бидам јасен – нема намера, нема интерес, нема желба на претседателот да испрати војници во Украина. НАТО е форум за поддршка на нашите партнери и земјите од источното крило, и тоа е фокусот“, вели Белата куќа во соопштението.
Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од 8.500 американски војници кои се ставени на подготвеност, но вети дека американските војници нема да бидат распоредени во самата Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…