(Фото) Обвинителството со детали за сообраќајката на мостот Гоце Делчев

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот.

-По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата. Дежурниот јавен обвинител издаде наредба и за технички преглед на автомобилот, информираат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Една година неизбришлива лузна на душата…

Помина точно една година од трагедијата во…

Русите очи во очи американските сили во…

Рускиот воен персонал во четвртокот влезе во…

Странските агенции за новата влада на Србија:…

Новата влада на Србија врати на власт…

Еврото може да биде во неволја, еве…

Можноста Европската централна банка да отстапи од…

Еве какво време не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…