Пановски вели дека сите ќе се зapaзиме со омикрон, прележаните и вакцинираните ќе поминат полесно
Микробиологот проф. д-р Никола Пановски во гостувањето на ТВ 24 вели дека заразата со омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне, но болеста полесно поминува кај оние кои веќе прележале ковид и кои се вакцинирале против коронавирусот.
– Бројот на денови за изолација треба да биде 7 дена, многу малку ќе придонесеме за ширење на болеста, и најважно е тоа што болеста кај прележаните и вакцинираните полесно поминува. Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помине, особено што според податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 30 проценти од тестираните досега се асимптоматски случаи. Замислете колку луѓе има кои што одат на работа, не се тестираат и се позитивни. И ако го промениме прагот на изолација, тогаш треба да се затворат сите установи – појаснува професорот Пановски.
Според докторот заштитени се оние што го прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза.
– Делта сојот не замина. Се надевам дека овие 26 починати од вчера се со делта сојот. Сметам дека делта варијантата доминира, а нашата смртност е недалеку од онаа во светот. Смртноста е помала во однос на заразеност. Заради правилно лекување смртноста се намалува. Колку што се заразуваат толку и оздравуваат. Заштитени се оние што прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза. Најбитно е колку од тие реинфицирани и смртни случаи се од тие вакцинирани. Претседателот на Светската здравствена организација не кажува ништо добро, ништо охрабрувачко, а тоа води во депресија – вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…