(Видео) Биле спремни за војна: Голема полициска акција – Запленети 18 парчиња оружје и 111 куршуми
Рано утронава од 4 до 8 часот во полициска акција во координација со Државниот пазарен инспекторат пронајдено е оружје и муниција на неколку локации низ државата, при што се приведени 10 лица.
Во рамки на контролата се утврдени пест кривични дела од кои пет по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и еден по член 215 од Кривичниот законик – за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека 6 прекршоци се однесуваат на други закони.
Исконтролирани се 160 локации на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи, приведени се 10 лица, а лишени од слобода се 5 лица кои не ги почитувале горенаведените законски одредби. Воедно, при контролата одземени се 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција – информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело, по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…