Објавено на:

(Вознемирувачко видео) Majка си го фрли детето во кафез полн со мечки

t

Безбедносните камери на зоолошката градина во Узбекистан го снимиле моментот кога мајка, ја фрла својата тригодишна ќерка во кафез со мечки.

На видеото се гледа како маж се обидува да ја спречи жената да го стори тоа, но таа го испушта детето.

Страшниот инцидент се случил во петокот, околу пладне. Посетителите со страв гледале како огромно животно трча во правец на девојчето кое било фрлено во кафезот, но за чудо мечката не го нападнала детето.

Мечката по име Зузу го намирисала девојчето, а потоа си заминала. Чуварите веднаш ја намамиле мечката во затворениот дел од кафезот и ја заклучиле, а потоа спасувачите притрчале да го извадат девојчето.

– Луѓето се обиделе да ја спречат мајката да го фрли детето во кафез, но не успеале. Детето паднало во каналот покрај оградата. Мечката веднаш истрчала да ја намириса, но потоа се свртела и заминала – изјавил портпаролот на зоолошката градина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…

Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер…