Пановски му одговори на Сали: Се знае како се поканува, прво треба да се разговара, па потоа се објавува

t

Канал 5 се обиде да добие став од тројцата доктори во однос на поканата на министерот Сали, но одговор досега успеавме да добиеме од докторите Никола Пановски и Вело Марковски.

Пановски забележува на начинот на кој е поканет, односно преку социјалните мрежи.

-Се знае каков е начинот за тоа, прво се разговара, па се објавува. На Фејсбук тој може што сака да пишува, вели Пановски за Канал 5.

Сличен став има и доктор Марковски. Нагласува дека е несериозно да се покануваат експерти преку Фејсбук. Тој додава дека Комисијата е советодавно тело на министерот, без суштинско влијание на било какви мерки.

-Јас во 2020 година предложив Комисија за Ковид-19 како владино тело чии одлуки ќе бидат задолжителни, вели Марковски за Канал 5.

Доктор Даниловски неодамна соопшти дека нема намера да биде дел од Комисијата и да ја жртвува својат автономија, појаснувајќи дека Комисијата нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…