Објавено на:

(Вознемирувачко видео) Нова смртноносна дрога се појави во Африка – предизвикува вистинско лудило

t

Во Сиера Леоне се појави нова евтина илегална дрога која уби многу млади луѓе.

Имено, Би-Би-Си се повикува на извештаи за млади луѓе кои се самоубиле, се повредиле или повредиле други по употреба на дрогата. Некои, на пример, сами си се пресекле грклан и шетале по улиците. Медицинскиот персонал во главниот град Фритаун вели дека 90 отсто од пациентите во централното психијатриско одделение завршиле таму поради употреба на куш.

Бидејќи употребата на куш се шири побрзо кај помладата популација, Би-Би-Си истражува за каков вид на дрога се работи.

Куш, познат и како „зачин“, е направен од суви лисја кои се прскаат со хемикалии. Корисниците велат дека „ги носи на подобро место“, но оваа дрога предизвикува голема зависност и резултираше со многу смртни случаи.

„Користела куш. Во еден момент престанала да јаде“.
Иша, која е проститутка за да заработи пари за да купи куш, рече дека нејзината пријателка Фа починала од употреба на дрога.

“Користеше куш, пиеше рум. Пиеше премногу. Во еден момент престана да јаде. Кога ја видов, не можев да им верувам на очите. Подобро за неа е Господ да ја однесе на друго место”, рекла Иша.

Зависниците од Куш често се проституираат или пребаруваат низ одводите за некои предмети што би можеле да се продадат за да имаат доволно пари за да купат дрога. За нив пушењето куш е начин да избегаат од светот.

Полицијата упорно се обидува да ја спречи продажбата на куш. Но, Ендрју Ронко, шеф на криминалната специјална единица, вели дека е тешко да се искорени продажбата на дрогата бидејќи може да се направи од различни состојки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…

Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…

После 10 дена од испаѓањето на РЕК…

(Видео) Кривична пријава за узурпација на јавен…

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“…

Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…

-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…

Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…