Голготата за Пале продолжува: Додека е во притвор и ја ограбиле куќата, невеначниот сопруг ја давел кога го убила

t

Голготата на велешанката Пале И. (23) се чини како да нема крај. Младата жена која со години трпела семејно насилство од страна на полицаецот Александар Р. (40) со кого живеела во вонбрачна заедница, и кому му нанесе смртоносен убод со нож во време додека ја давел, моментално се наоѓа во домашен притвор, пренесува Фокус.

Таа е сама во трошната куќа, наследена од починатиот татко, каде живеела со сега починатиот Александар, и каде минатата година кон крајот на септември се случи трагичниот настан.

Мерката притвор и е заменета со мерка домашен притвор, но додека била во притвор, нејзиниот дом бил целосно ограбен. Се што можело да се однесе било однесено, а згора на се, и била исклучена електричната енергија поради неплатен долг од околу 40.000 денари.
Веста за ,,Фокус” ја потврди братучетка на Пале, млада сопруга и мајка на две малолетни деца која од пред неколку месеци со семејството живее во странство.

-Пале е сосема сама во ограбената куќа, без електрична енергија. Ние и пративме малку пари, но тоа не ги решава проблемите, нејзе не и остана ништо во домот! Додека беше во притвор, кој сега и е заменет со домашен притвор, во куќата провалил наркоман, кој таму си останал да живее подолго време.

Исто така, се што можело да се однесе е земено, празни се собите. Крадците дури се обиделе да ја украдат и климата, и тогаш некој ги забележал, најверојатно соседите, па повикале полиција. Така, само климата е спасена – раскажува роднината на Пале, Милица.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…