„Богато CV “ на заменикот за култура: Се разбира од Опера ама само од пребарувачот
Избраниот заменик министер за култура Даим Лучи во својата биографија која ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски напишал дека знае да користи дури три пребарувачи на интернет.
Во ставката „Компјутерски вештини“ освен „Windows“, „Microsoft Word“, „Power Point“ и „Excel“, Лучи навел и три пребарувачи на интернет. Тој во CV-то напишал дека знае да ги користи Google Chrome, Opera и Firefox.

До минатата година тој бил советник во општина Чаир. Бил претседател на младинскиот форум на Алтернатива, основач на партијата Алтернатива, а претходно и претседател на младинскиот форум на движењето БЕСА и основач на оваа партија.
Тој се јавува како основач и претседател на Сојузот на ученици Албанци, но и на Унијата на студенти Албанци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…