Идентитетот бетон, медиумската историја во ветер

t

Враќањето во македонското минато честопати е со пречки – „слика има, тон нема“. Доколку се обидеме да се навратиме на стари новинарски текстови и стории преку медиумските агрегатори, ќе наидеме и на обратна ситуација, текст има, но слика или видео нема. Дополнително, дигитализацијата на печатените медиумски содржини во библиотеките е спречена бидејќи авторските права на текстовите од јавен интерес се во приватна сопственост. Истовремено, пречки за процесот се немањето доволно средства и стручен кадар. Во меѓувреме, не постои системско решение за архивирање на содржините кај актуелните македонски онлајн медиуми. – Пишува Радио МОФ.

Ивана Хаџиевска, Мања Величковска и Герман Филков се истражувачи. Tие секојдневно се навраќаат во македонското минато. Како свои „временски машини“ ги користат содржините на периодиките во библиотеките, онлајн архивите на медиумите, а неретко и разни Фејсбук групи во кои се споделуваат фотографии, написи и сведоштва од минатото.

Сепак, како најточни „временски машини“ се сметаат периодиките, односно архивите за печатени медиумски содржини при Националната Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Величковска раскажува дека кога последен пат се обидела да побара повеќе броеви од различни весници од ретката периодика, но и весници кои не припаѓаат во таа секција, добила одговор дека „тешко ќе најде нешто такво“.

Се снаоѓала барајќи ги потребните книги и списанија по други градски и универзитетски библиотеки, пријатели, пријатели на пријатели, професор(к)и, библиотекари итн. Ваквото истражување не смета дека е идеално кога се потребни повеќе текстови или цели творештва од одредени автор(к)и.

Независната истражувачка Ивана Хаџиевска од областа на историските науки, конкретно, 20-от век, вели дека за пребарувањето на стари вести на интернет или користење на збирки со периодични публикации од минатото, имала неколку искуства кои биле пропратени со предизвици, но завршиле успешно.

Таа забележува дека дури и во 21 век, кога и на ниво на Европа се заговара „дигитална транзиција“, библиотеките и архивите сè уште остануваат клучни за работа со „стари вести“, односно периодика и разни периодични публикации.

Според неа, токму овие институции се побогати со материјали, посистематизирани и постабилни во однос на онлајн базите со податоци, особено библиотеките кои имаат посебни одделенија за периодика.

„Често се соочуваат со инфраструктурни проблеми и кадровски недостатоци, но од друга страна, иако онлајн архивите со весници се многу корисни и попристапни за корисниците, се случува ‘да исчезнат’ од интернет просторот, најчесто заради неодржување или слично“, објаснува таа.

Да не се чудиме на извртена историја

На приказните на Величковска и Хаџиевска, се надоврзува и долгогодишниот новинар и истражувач Герман Филковактуелен претседател на Центар за граѓански комуникации. Проблемот со немањето целосни, дигитални и лесно достапни архиви го карактеризира како „голем и сериозен“.

Пред неколку години бил ментор на новинар што работел на истражувачка приказна за транспортните коридори. Темата содржела податок од 1994 година, па сакал да го потврди, да направи втора проверка.

„Не можејќи по електронски пат, отидов во Националната и универзитетска библиотека во Скопје и ги побарав дневните весници од тој месец. Се шокирав кога видов дека многу од страниците на весниците беа искинати, вклучувајќи ги и оние со бараната информација. Наместо да ја препишат или фотокопираат информацијата што им треба, претходните корисници едноставно ја скинале страницата и со тоа нанеле трајни и ненадоместливи штети“, се сеќава тој.

Затоа, тој вели дека не може ни да се зборува за некакви „архиви“. Неговото искуство јасно ја покажува состојбата на ретките физички архиви во библиотеките. Вели, од тие архиви понатаму зависи и квалитетот и на „дигиталните“ архиви и содржини.

„Знаете дека не се достапни, и стравувам и дека не постојат, архивите на голем дел од некогашните медиуми во кои беше испишана историјата на оваа земја. Тоа е сериозна дупка без факти од околу дваесет години. Да не се чудиме после што и историјата е често извртена. Јас бев новинар една и пол деценија, со преку 250 телевизиски прилози и емисии годишно, и сега немам ниту една секунда од тие мои продукти. Не само што немам јас, тоа е и помалку важно, не постојат и не се достапни за кого било. И тоа е така за сите што работевме во тој медиум. А тој е само еден од сите медиуми без архиви, без историја“, посочува Филков.

Каталогизирање на сегашноста

Со згаснувањето на поголемиот број од македонските печатени медиуми, се изгубија и архивите на весниците. Се чини како сопствениците да решија да го приватизираат македонското минато, односно содржините од јавен интерес. Броевите на згаснатите весници, во физичка форма, граѓаните можат да ги најдат единствено во периодиките на библиотеките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…