Објавено на:

(Видео) Сељачка работа: Пукањето по концертот на Џастин Бибер во Лос Анџелес, ранети три лица

t

Три лица биле застрелани пред бар во Лос Анџелес каде настапувал пејачот Џастин Бибер, а на чиј концерт присуствувале многу познати имиња од Холивуд.

Пукањето се случило во петокот вечерта по настапот на канадскиот пејач, а според полицискиот извештај три лица биле застрелани.

Петнаесет минути пред три часот настанала тепачка пред барот, по што се слушнале истрели. Според полицијата испукани се вкупно 10 куршуми.

Сите повредени се згрижени во болница и нивната состојба е стабилна, а напаѓачот се уште е во бегство.

Настапот на Бибер, кој го најавува Супербол викендот, привлече големо внимание кај познатите личности, меѓу кои неговата сопруга Хејли Бибер, Леонардо ди Каприо, Дрејк, Амбер Роуз, Лил Бејби, сестрите Клои и Кендал Кардашијан, како и Џеф Безос со партнерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим…

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири…

Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…

Велика Сабота – денот меѓу смртта и…

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден…

121 ГОДИНА ОД СМРТТА: Ќе биде доделена…

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година…