Во Украина има околу 100 наши државјани: МНР повторно апелира сите да ја напуштат државата

t

Министерството за надворешни работи преку амбасадата на Македонија во Киев, досега мапираше околу 100 наши државјани во Украина.

Според последните информации од Киев, околку десетина од нив, вклучувајќи ги тука и членовите на семејствата на наши дипломати, веќе потврдија дека ја напуштија Украина.

Воедно би сакале да го повториме апелот до нашите државјани доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата, и воедно ги замолуваме оние кои не ги доставиле своите податоци, истото да го сторат на контактите во Амбасадата во Киев (+380442877882 /+380663951190 / [email protected] ) или до МНР (+389 75 273 732/ [email protected]).

Министерството за надворешни работи ќе продолжи одблиску да ги следи состојбите во и околу Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…