Објавено на:

Австралија ги отвора границите по речиси две години локдаун и скандалот со Ѓоковиќ

t

Австралија, потпирајќи се на високата стапка на вакцинација против коронавирусот, утре за првпат ќе пречека меѓународни туристи по речиси две години од затворањето на нејзините граници, пишува Танјуг.

Отворањето на Австралија за туристите е најјасен показател за напуштање на строгиот пристап во борбата против пандемијата на коронавирус и посветеноста на коегзистенција со коронавирусот со вакцинација, со цел да се намали смртноста и бројот на тешки случаи на болеста.

Најголем број од 2,7 милиони случаи на заразени со коронавирус во земјава се забележани со пристигнувањето на варијантата омикрон кон крајот на ноември. Сепак, со една од најголемите стапки на вакцинација во светот – повеќе од 94 проценти од луѓето на возраст над 16 години – се забележани нешто помалку од 5.000 смртни случаи, што е само дел од стапката на смртност во многу други развиени земји.

Одлуката за отворање на границите за странските туристи стапува на сила нешто повеќе од еден месец откако светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ беше депортиран од оваа земја, иако претходно му беше одобрено медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финансии не дава согласност за негувателки во…

,,Министерството за финансии цел месец не дава…

Возач летал со 190 на час на…

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот…

САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток…

САД го зголемија своето воздушно присуство во…

„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…

Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…

Нуклеарен објект бил цел на Израел: Експлозии…

Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран…