И по Беса, Беса: Четири автобуси возеле во странство без лиценца

t

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север, вчера, при контрола утврдиле дека четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација. Од Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

-При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од село Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска национална ознака, управуван од Р.С.(42) и Ш.И.(52), двајцата од село Нераште, општина Теарце, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – информираа од МВР.

Исто така, при контрола во патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(25) од Струмица и патничко возило – комби „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Конфликтот во Украина може да заврши…

Конфликтот во Украина може да заврши во…

Поранешното грчко кралско семејство во „длабоки емоции“…

Членовите на поранешното кралско семејство на Грција…

СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…

Собранието денеска треба да ги разгледа на…

Медведчук го пријавил до белгиското Обвинителство обидот…

Лидерот на движењето „Втора Украина“, поранешниот лидер…