Акција на ЕСЗ: Полицијата фати „прашкаста материја“ во скопско Сопиште – ако се работи за кокаин цената може да достигне и до 2 милиони долари
Во доцните вечерни часови во акција на Единицата за специјални задачи, Тигар се фатени дилери на дрога во скопско Сопиште.
Неофицијално се работи за лица кои се од Сопиште, односно од скопското село Св. Петка кои во своите автомобили превезувале поголема количина на дрога.
Лицата се приведени на лице место, а во својот автомобил превезувале 25 килограми прашкаста материја за која постои сериозен сомнеж дека е кокаин.
Акцијата се случила пред помалку од час и половина, некаде околу 22 часот на влезот на Сопиште во близина на големо складиште за гипс и градежни материјали.
Доколку се работи за кокаин соогласно сегашните цени на црниот пазар 25 килограми кокаин можат да достигнат вредност и до 2 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…