Руско Министерство за одбрана: Украинската армија масовно ги напушта позициите и го остава оружје
Разузнавачките податоци покажуваат дека единиците и армијата на вооружените сили на Украина масовно ги напуштаат позициите оставајќи го оружјето, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во исто време, рускиот воен оддел посочува дека позициите на единиците на вооружените сили на Украина, кои го положиле оружјето, не биле изложени на напади.
„Руските вооружени сили не извршуваат напади врз украинските градови. Ништо не му се заканува на цивилното население“, се вели во соопштението.
Се наведува и дека изјавата на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, за наводните загуби на руски авиони и оклопни возила е „целосна лага“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…