Објавено на:

(Видео) 14 украински војници се предадоа на сепаратистите од Добнас

t

Видеото покажува 14 војници на вооружените сили на Украина кои им се предале на трупите на ДНР, известува воениот коментатор Семјон Пег од фронтот во Украина.

Според него, меѓу затворениците има и една жена и еден ранет кој добил лекарска помош.

Во нападот на Вооружените сили на Русија онеспособени се 74 копнени објекти на вооружените сили на Украина, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
Како што е наведено, оневозможени се 11 аеродроми на воздухопловните сили на Украина, три командни пунктови, базата на морнарицата на Украина, како и 18 радарски станици на системите за воздушна одбрана С-300 и „Бук М-1“.

Нагласено е дека руската армија не ги таргетира украинските градови или општествените објекти во воените гарнизони за да избегне загуби меѓу украинските војници и нивните семејства. Соопштено е и дека за време на специјалната операција биле соборени четири украински беспилотни летала „Бајрактар ​​ТБ-2“, како и еден борбен хеликоптер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ѝ одговори на Русија по распишаната…

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот…

(Видео) Вештачката интелигенција може да го земени…

Извршен е пробниот лет на авионот Ф-16…

Над 30 претставници на украинските медиуми остануваат…

Светот вчера го одбележа денот на слободата…

САД ги осудија сајбер нападите во Европа,…

Американската дипломатија ја осуди неодамнешната кампања на…