Столтенберг: Путин го уништи мирот во Европа

t

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со инвазијата врз Украина „го уништи мирот во Европа“.

– Претседателот Путин го уништи мирот во Европа. Сојузниците ја осудуваат неоправданата и брутална инвазија врз Украина. Рускиот напад е целосно неприфатлив и е помогнат од Белорусија, истакна Столтенберг за време на посетата на полската воздухопловна база Ласк заедно со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Столтенберг посочи дека Алијансата „ќе ја брани секоја педа од нашата територија“.

Нашата посветеност на членот 5, нашата клаузула за колективна одбрана, е цврста. Ќе ја браниме и браниме секоја педа од територијата на НАТО, потенцира Столтенберг.

Тој додаде дека „НАТО не бара конфликт со Русија и се залага за дипломатско решение на конфликтот во Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалец 17 години бил држен како роб

Португалец бил држен како роб 17 години…

Курти го повика Специјалното обвинителство да ги…

Косовскиот премиер Албин Курти го повика Специјалното…

Нов силен земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по…

Мојсовски и Каевски тврдат дека против нив…

Наумче Мојсоски и Дарко Каевски демантираат злоупотреби…

75-годишен маж се самозадоволувал во парк во…

Вчера во 12.35 часот полициски службеници од…