Објавено на:

Путин до Макрон: Украина мора да биде неутрална за да не биде опасност за Русија

t

Целта на воената операција во Украина е демилитаризација и неутрален статус на Украина, за да не се заканува опасност за Русија од нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон.

Рускиот претседател нагласи дека во секој случај ќе бидат исполнети сите задачи од специјалната воена операција и дека обидите на Киев да купи време со одложување на преговорите само ќе доведат до појава на нови услови во преговарачката позиција на Москва.

Според соопштението на Кремљ, Путин нагласил дека Русија е решена да се бори против националистичките вооружени формации во Украина, кои вршат воени злосторства, вклучително и поставување борбена опрема во станбени области и користење на цивили како жив штит.

Според него, за време на специјалната воена операција, која се одвива според планот, руската армија прави се за да ги спаси животите на цивилите.

Претседателот на Русија го повика Макрон да се приклучи во напорите за да се овозможи безбедно евакуација на странски државјани од Украина, спомнувајќи група индиски студенти во Харков кои се заложници на украинските милитанти.

Според соопштението, Емануел Макрон ветил дека за тоа ќе разговара со украинското раководство.
Путин го привлече вниманието на Макрон со фактот дека западните земји, вклучително и самата Франција, не направија буквално ништо за да го принудат Киев да ги исполни одредбите од договорите од Минск.

Рускиот лидер нагласи дека молчи за повеќегодишниот геноцид врз цивилите во Донбас, кој доведе до бројни човечки жртви и принуди стотици илјади луѓе да побараат засолниште во Русија.

Двајцата претседатели се согласија Париз и Москва да продолжат со контактите на различни нивоа.

Путин детално ја коментираше и изјавата на претседателот на Франција за време на неговото обраќање до нацијата по повод војната во Украина дека е лага дека Русија ја води борбата против нацизмот во Украина. Според Кремљ, рускиот претседател со аргументи објаснил која е суштинската улога на неонацистите во државната политика на Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…