Паниката ги збриша рафтовите
Испразнети полици во продавниците, редици пред бензински пумпи. Граѓаните во паника од најавите дека цените ќе растат и дека ќе има недостиг на одредени продукти прават домашни резерви и без да размислуваат за последиците се ставаат во опасност. Ситуацијата ја подгрева и слично однесување на граѓаните во соседството, п.ренесува Плус Инфо.
Владата и денеска повторно апелира граѓаните да бидат сигурни дека нема да има ценовен шок и дека прехранбени производи и горива има. Инспекциските служби на терен утврдуваат дали се во прашање трговците или граѓаните за празните полици и редиците на бензинските.
Експерти, пак, сметаат, дека ненавремените и половични информации само ја подгреваат паниката.
Граѓаните деновиве се посебно вознемирени од состојбата со цените на горивата и најавите за повисоки цени на прехранбените производи. Дел од нив веќе поитаа да направат резерви, за не дај боже и овде да се случат некакви немири или да снема храна во продавниците.
– И покрај тоа што знам дека колку и да направам резерви од храна и од горива, дека нема да ми стигнат ако има некакви немири и кај нас, сепак вчера во продавница несвесно посегнав по конзерви, макарони, брашно. Се прашувам што ќе им правам ако има некакви немири и ако бидам принудена да бегам од дома. Зарем ќе го носам со себе тоа? Но, целата состојба со војната која е далеку од нас и сите тие информации за тоа дека сѐ поскапува создава несигурност – вели скопјанка.
Друга, пак, вели дека кога сите прават резерви, не е можно како да одолееш на таа еуфорија.
– Гледам сите купуваат резерви, се туркаат пред полиците во продавниците, и јас го направив истото. Не знам за колку време ќе може да направам резерви, но сепак купив потрајни производи – вели таа.
Трета скопјанка, пак, која живее во петчлено семејство, сведочи дека сакала да купи две пакувања шпагети во еден маркет, колку што вообичаено трошат за еден оброк, но таму ѝ рекле дека може да купи само едно за да остане и за други муштерии.
Кога нема точни информации од надлежните или кога тие даваат спротивставени изјави се случува ваква ситуација. Граѓаните се несигурни и панично купуваат производи, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Според него, состојбата беше очекувана и за тоа придонесуваат јавните настапи на одговорните во државата.
– Наместо да излезат и отворено да кажат дека ситуацијата е тешка и ако не денеска можеби утре ќе имаме проблеми како последица на случувањата во Украина и пазарите на нафта гас и прехранбени продукти, нашите министри секојдневно на телевизија се обидуваат да извлечат поени во прилог на нив самите и ја замајуваат јавноста со лаги дека сѐ е добро, дека нема потреба од паника. Велат, будно ја следат ситуацијата. Па, велам, нели тоа им е работата, за тоа ги плаќаме и нема потреба да го кажуваат тоа. Дополнително преземаат некои мерки, па ги менуваат за да видат луѓето дека работат нешто. Сето тоа доведува до недоверба кај граѓаните и отвора можност за вакво панично расположение – вели тој.
Извор: Плус Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…