Зеленски им се закани на руските војници: „Ќе ве гониме до гроб“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди руските војници дека неговите сили ќе го „бркаат до гроб“ секој војник што ќе изврши воени злосторства на територијата на Украина, јавуваат агенциите.
Обраќајќи му се на украинскиот народ во Киев, Зеленски испрати порака до московските војници, предупредувајќи ги дека ќе се соочат со судниот ден за намерни убиства за време на инвазијата на неговата земја.
„Колку такви семејства загинаа во Украина? Тоа нема да го простиме. Нема да заборавиме. Ќе ги казниме сите оние кои извршија ѕверства во оваа војна. За нашата земја“, рече украинскиот претседател.
„Нема да има мирно место за вас на оваа земја освен гробот“, рече тој.
Зеленски, исто така, ги повика западните лидери да преземат посилна акција против Москва, велејќи им дека храброста на агресорите е јасен сигнал до Западот дека санкциите против Русија не се доволни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…
Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…
Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…
Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…
(Фото) Се бара оставка на Владата: Бројни…
Во центарот на Скопје, во близина на…
Како Кина и Русија го изневерија Иран?
Во актуелниот конфликт меѓу Израел и Иран,…
Мицкоски најави инфраструктурен бум: „Веќе вклучуваме во…
Во оваа тешка година имаме резултати зад…