Објавено на:

Ќе останеме без батерии? – Цената на никелот надмина 100 илјади долари за тон!

t

Цената на никелот на Лондонската берза за метали (LME) денеска надмина 100.000 долари за тон, што е невидено ниво.

Цената на никелот на лондонската берза скокна за неверојатни 110,8 отсто, на 101.350 долари за тон. Никелот од почетокот на трговската недела бележи пораст на цената од речиси 3,5 пати.

Цената подоцна благо падна на 85.000 долари за тон, намалувајќи го вкупниот раст на 76,8 отсто.

Скокот на цената на никелот експертите го објаснуваат со стравувањата од можен недостиг, бидејќи никелот е клучна компонента на литиум-јонските батерии, кои се користат во многу уреди, од електрични автомобили до апарати за домаќинство, но и во производството на нерѓосувачки челик.

„Цената скокна поради стравувањата од можни прекини во снабдувањето од Русија, која е најголемиот снабдувач во светот, поради потенцијални логистички или финансиски тешкотии, како и потенцијални нови санкции од Запад“, рече аналитичарот Алексеј Калачев од Финам, една од најголемите брокерски куќи во Русија.

Тој додава дека санкциите кои би влијаеле на рускиот никел се малку веројатни, „бидејќи постои голема зависност од испораките од Русија“.

Досега руското рударство ги избегнуваше западните санкции по започнувањето на воената операција во Украина, но цената и на другите метали на лондонската берза скокна. Така, паладиумот, чии 30 отсто од светското производство е од Русија, од почетокот на годинава се зголеми од 1.900 на 3.886 долари за унца. Алуминиумот достигна рекордна цена од 4.000 долари за тон, додека бакарот се искачи на 10.542 долари за тон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пахор: Се подготвувам многу внимателно за функцијата…

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави…

НАТО директно ќе интервенира во војна ако…

Северноатлантската алијанса може да распореди воен контингент…

(Видео) Странски туристи пронајдени убиени во бунар…

Телата на тројца туристи пронајдени во бунар…

Познат идентитетот на скопјанецот кој ноќеска загина…

Познат е идентитетот на мажот кој ноќеска…

Некогаш живеевме во заедничка држава: ММФ прогнозира…

Според последните проекции на Меѓународниот монетарен фонд…