Мицкоски со предлог за намалување на акцизата на бензините, треба да поевтинат за 13 и 9 денари
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук објави предлог за намалување на акцизата на бензините, пишувајќи дека треба да поевтинат за 13 и 9 денари.
-Во крајната цена 89,5 ден/литар на БС95 се содржани:
⁃ 53 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)
⁃ 22 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)
⁃ 1 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)
⁃ 13,5 денари/литар (ДДВ).
Доколку се намали на 50% акцизата на горивата како што предлага ВМРО-ДПМНЕ и наместо 22 денари/литар биде 11 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 13 денари/литар поевтина.
Во крајната цена 85,5 ден/литар на дизелот се содржани:
⁃ 56,5 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)
⁃ 15,5 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)
⁃ 0,5 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)
⁃ 13 денари/литар (ДДВ).
Доколку, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, се намали на 50% акцизата на горивата и наместо 15,5 денари/литар биде 7,75 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 9 денари/литар поевтина, стои во неговиот пост на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…