МОН ќе прифати укинување на маските во училиштата ако така препорача Комисијата

t

Кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати. Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Во одговор на новинарско прашања дали со оглед на малиот број заразени со коронавирусот МОН може да побара укинување на маските, тој додаде дека Комисијата треба да процени дали маските, како што рече, веќе не се толку важни и да донесе позитивна одлука.

Комисијата во последниот период имаше препораки за олеснувања на некои мерки. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести, кој ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца – изјави Шаќири пред почетокот на конференцијата за твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Уште пред Нова година знаев дека…

Уште пред Нова година знаев дека коалицијата…

Пендаровски: Мојата идеја за европска Македонија не…

Резултатите се јасни. Сакам соогласно резултатите кои…

Кичевчанец во казино во Охрид се коцкал…

Кичевчанец пуштил во оптек лажни евра во…

217.533 ЗА ВМРО-ДПМНЕ, 90.151 ЗА ДУИ, 73.922…

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што…

На избирачко место во Гази Баба ќе…

Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната…