Николовски: Српската забрана за извоз на пченица не важи за нас
Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија што стапува во сила утре, нема да важи за земјава. Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Николовски на прес-конференција во Владата, откако премиерот Димитар Ковачевски ги соопшти новите мерки за заштита на стандардот на граѓаните и на ликвидноста на компаниите, истакна дека интензивно се прават напори и за изнаоѓање пласман на овошјето и зеленчукот, пред се на праските, јаболката, тутунот и грозјето.
Владата во наредниот период ќе размислува и за други интервентни мерки во земјоделството кои секако, подвлече Николовски, ќе се донесат навреме.
-На моја иницијатива, денеска се одржа онлајн состанок со министрите за земјоделство од регионот. Министерот на Србија не присуствуваше, но беа претставници на Владата и на неговиот Кабинет. Србија утре ќе донесе соодветна одлука, денеска таа одлука ќе биде испратена до сите нас, министрите од регионот. Се потврди дека одлуката нема да важи за договорените количини пченица, потребни за нашата мелничка индустрија, односно дека одлуката нема да важи за регионот. Се испрати повторно порака на смиреност, дека имаме доволно залихи, 45.000 тони пченица, над 10 000 тони пченка, околу 9 000 тони јачмен. Добивме уверување од Србија дека ќе се грижат за снабдување со неопходните продукти, пченица и останати житни култури за целиот регион, одлуката нема да важи за земјхите регионот, нагласи Николовски.
Во врска со извозот во Русија и Украина, тој повтори дека на него отпаѓа многу мал процент од вкупниот извоз на земјава.
-Ги правиме сите анализи, утврдуваме кои се бројките и производите што се извезуваат во Русија и Украина. Се работи за извоз од мал обем, 0,6 отсто во Украина и околу еден процент во Русија од вкупниот извоз на земјоделско-прехранбените производи. Имаме контакти со коморите и со дипломатските претставништва, траат разговорите и верувам дека ќе вродат со плод. Навреме, заедно со сите останати пакети, ќе излеземе со мерки за сите категории земјоделкски призводители за да обезбедиме сигурен пласман, истакна министерот Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешното грчко кралско семејство во „длабоки емоции“…
Членовите на поранешното кралско семејство на Грција…
СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…
Собранието денеска треба да ги разгледа на…
Медведчук го пријавил до белгиското Обвинителство обидот…
Лидерот на движењето „Втора Украина“, поранешниот лидер…
Османи со закана? Мицкоски ќе сфати дека…
„Не по секоја цена сметам дека ДУИ…
Трамп се подготвува за повлекување на САД…
Членови на тимот за претседателска транзиција на…