Американците се пишманија: На Украина не и требале авиони туку ракети
САД оценија дека на Украина навистина не и се потребни воени авиони за да се спротивстави на руските напади, туку планираат да испратат повеќе одбранбени системи „земја-воздух“.
–Авионите не се она што им е најпотребно на нашите украински партнери во моментов. Кога го анализираме уништувањето што Кремљ го прави во регионите на Украина, тоа е главно од ракети, проектили, артилериски оган, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, додавајќи дека авионите не се најдобриот начин да се елиминира таквото оружје.
Според Прајс, украинската армија има неколку ескадрили авиони способни да летаат. Тој нагласи дека ефикасноста на руската флота борбени авиони е ограничена од системите за воздушна одбрана на Украина на теренот, без разлика дали станува збор за поголеми ракети „земја-воздух“ или преносни системи „Стингер“ што ги обезбедуваат Американците.
Тој истакна дека САД ќе продолжат да испраќаат ракетни системи „земја-воздух“ во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…