Објавено на:

Кина демантира: Не сме слушнале дека Русија побарала помош

t

Портпаролот на кинеската амбасада во САД, Лиу Пенгју, изјави дека не слушнал дека Москва побарала воена помош од Пекинг откако ја почна инвазијата на Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека дипломатот нагласи дека приоритет на Кина е да спречи тензичната ситуација во Украина да излезе од контрола.

Запрашан да ги коментира извештаите на американските медиуми дека Русија побарала воена помош од Кина, портпаролот на кинеската амбасада рече: „Никогаш не сум слушнал за тоа“.

-Сегашната ситуација во Украина е навистина загрижувачка. Сега приоритет е да се спречи тензичната ситуација да не ескалира или да излезе од контрола, изјави портпаролот на амбасадата.

Американските весници „Фајненшл тајмс“ и „Вашингтон пост“ претходно, повикувајќи се на неименувани американски претставници, објавија дека Русија побарала воена опрема од Кина откако на 24 февруари ја почна „инвазијата на Украина“.

„Вашингтон пост“ наведува дека неименувани американски функционери не прецизирале каков тип на оружје Русија побарала или како Кина одговорила на тоа, пренесуваат британските меидуми.

Советот за национална безбедност на Белата куќа одби да ги коментира наводите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…