Објавено на:

(Видео) Страшно: Ова е моментот кога ракета го погоди центарот на Доњецк – малолетник го делеа секунди од смртта

t

Во близина на зградата на Владата во центарот на Доњецк е соборена украинска ракета Точка-У, а во нападот има и жртви, јавуваат локалните власти.

Социјалните мрежи се преплавени со шокантни снимки и фотографии од центарот на Доњецк.

Според прелиминарните податоци, поради украинското ракетирање, во центарот на Доњецк загинале 20 лица, а други девет се повредени. Ова го соопшти штабот за територијална одбрана на ДНР.

Ова е екслузивна снимка од моментот на нападот, снимена од безбедносните камери во центарот на градот.

Ракетниот напад врз главниот град на Доњецката Народна Република, како резултат на кој загинаа и se ранети цивили, е напад врз цивилното население, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Како што вели тој, украинските националисти дејствуваат според барањата и методите на нивните прекуокеански господари.

„Многу трагични вести пристигнаа денеска од Доњецк, каде што неколку цивили загинаа кога вооружените сили на Украина истрелаа ракета, и очигледно постапуваа според наредбите и методите на нивните странски господари“, посочи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…